Верзија 3.5
Тагирани написи Софтвер
Инсталација на Ubuntu 10.04 – чекор по чекор
Јуни 7th
Во овој туториал ќе ја објаснам инсталацијата на најновата верзија на Ubuntu Linux 10.04 LTS. Инсталацијата на овој оперативен систем можете да ја превземете бесплатно од тука.
1 Чекор: Од кога ќе го превземете Ubuntu 10.04 потребно е да го изрежите ISO имиџот на празно ЦД, па потоа да ја стартувате инсталацијата од ЦД – то со бутирање на вашиот систем. Го избирате јазикот кој што го сакате (во инсталацијата е вклучен и Македонски превод. Оваа инсталација на туториалов е на Англиски јазик).
Новите драјвери на Nvidia ја “горат” графичката
Март 7th
Nvidia го повлече од својата дистрибуција својот нов драјвер за графичките картички GeForce кој што е со верзија 196.75.
Играчите на бета верзијата на StarCraft II први го забележаа проблемот со новите драјвери на Nvidia за графичките GeForce. Во однос на старата верзија на програмота, има значителен пад на перфомансите.
Корисниците започнаа да истражуваат што го предизвикува проблемот и стигнале до заклучок дека новите драјвери не управуваат добро со ладењето на картичката, со што при поголемо оптеретување не може доволно да се излади графичкиот процесор GPU.
Последицата од прегрејувањето на графичкиот процесор е успорување на работата и паѓање на перфомансите во игрите. Всушност кај некои корисници графичкиот процесор се има прегреано до таа мерка што резултира со горење на графичкиот чип.
Nvidia ги повлече од употреба драјверите 196.75 сè додека не пронајде што го предизвикува проблемот. Ако сте ги преземале овие драјвери ви советуваме да ги отстраните и да ја вратите старата верзија.
Превземено од: VelesNET.com





