Доколку користите Firefox на Windows 8, со Nvidia графичка картичка, сигурно сте приметиле голем број на графички проблеми. Решението за овој проблем е многу едноставно
, со оневоможување на хардверската акцелерација на Firefox. Еве како да го направите тоа:
Како што е прикажано на сликата погоре, едноставно од менито на Firefox изберете Options, кликнете на Advanced, и потоа во табот General дештиклирајте го Use hardware acceleration when available. Потоа кликнете на Ок, и со тоа сте го решиле графичкиот проблем со Firefox во Windows 8.
Едноставно нели? Среќно сурфање.