Google Chrome инстант страници

Google во својата нова верзија воведе Instant опција за отворање на сајтовите. Инстант опцијата која што пред неколку недели беше достапна во бета верзијата сега е достапна во финалната верзија од бросверот. Оваа опција значително го забрзува пребарувањето на интернет и вчитувањето на сајтовите. Погледнете го видеото и ќе ви биде јасно за што точно станува збор. Опцијата Instant Search не е по дефaулт овозможена, па затоа мора да ја активирате рачно, од Options > Search > па да ја штиклирате опцијата Enable instant for faster searching and browsing. Новата верзија од Google Chrome можете да ја превземете од тука.

Како да го вратите стариот чет на фејсбук ?

Дали сте се запрашале како можете да се ослободите од новиот глуп фејсбук чет. Решението е многу едноставно, и се што треба да направите е да го копирате и да го пастирате следниов линк http://www.facebook.com/presence/popout.php во нов прозорец или нов таб од вашиот интернет прелистувач. Да тоа е одговорот и крајот на вашите маки со фејсбук четот.  За секој случај моја препорака е да го меморирате линков во bookmars на вашиот прелистувач за полесен пристап до четот. :)

Лиценцирајте според Creative Commons

Creative Commons e лиценца според која што можете да го адаптирате своето дело според вашите потреби, како тоа да биде дистибуирано или искористено од трети лица. Лиценцата е бесплатна и може да се употеби за секој вид на дело, музика, фотографија, текст, софтвер. За тоа како функционира Creative Commons можете да ја превземете следнава брошура во PDF формат.

Корисни линкови:
Често поставувани прашања (во врска со Crative Commons лиценцата)
Дела лиценцирани според Creative Commons лиценца
Creative Commons Македонија 

Skype 5.5.0 како замена за постоечкиот фејсбук чет

Skype пред некое време издаде нова Бета верзија на нивниот совтфер, кој што е со интегриран Фејсбук чет. Тој е совршена замена за веќе постоечкиот фејсбук веб базиран чет. Оваа верзија се уште е во Бета фаза на тестирање но наскоро ќе се појави и финална верзија. Сите кои што се нестрпливи до излевањето на финалната верзија можат бесплатно да ја симнат Бета верзијата од Skype 5.5.0 од следниов линк.

Знаете ли што кријат Facebook и Google од вас?

Пребарувачите и друштвените мрежи го обликуваат начинот на кој што ние го доживуваме светот. Филтрите и алогоритмите не ставаат под стаклено звоно, трвди еден американски политички активист.

Ели Парисер е бивш извршен директор на организацијата MoveOn.org, непрофитна либерлана група која што се занимава со политички активизам на веб. Тој е загрижен поради фактот што вебот повеќе се поларизира, на политички или на друг начин, и поради алатките кои што се користат од некои водечки технолошки компании и социјални мрежи.

Неговата нова книга „The Filter Bubble: What the Internet Is Hiding from You“ детално опишиува како Google, Facebook, AOL и други онлајн компании во потополност го персонализираат интернетот за своите корисници. Во изјава за CNN тие го објаснуваат своето стојалиште.

Continue reading

Што не очекува во WordPress 3.2

На 12 мај излезе  јавната бета верзија на WordPress 3.2. Ја инсталирав и ја тестирав лично на мој сервер, и мора да се пофалам дека е многу подобра во однос на нејзиниот претходник. WordPress 3.2 со себе носи и некои новини и подобрувања. Новиот WordPress има редизаниран администраторски интерфејс, нова тема Twenty Eleven, подобрувања во перфомансите што значи дека новата верзија побрзо се вчитува, подобрен фулскрин едитор за написи и подобрен Admin Bar. Од серверските потреби WordPress 3.2 работи со PHP 5.2.4 верзија па нагоре и MySql 5.0, од оваа верзија Internet Exploler 6.0 повеќе не е поддржан. Вета верзијата можете да превземете од следниов линк, нормално само за тестирање, за целосно продуктивен веб сајт ќе треба да ја почекате финалната верзија која што е најавенa до крајот на Јуни.