Приватноста и безбедноста на вашите податоци на фејсбук е многу битна овие денови. Во овој текст ќе ви предложам неколку алатки со кои што можете лесно да ја прилагодите приватноста на вашиот фејсбук профил:
1. Save Face – апликација која што автоматски ги подесува вашите приватни информации. Многу е брза и едноставна за користење.
2. Openbook – е страница навидум слична на фејсбук (нека не ве буни изледот на страницата со Facebook – 100 проценти е сигурна) која што може да ве предупреди за содржината која што ја објавувате и споделувате.
3. Reclaim Privacy – e апликација која што може да ве алармира кога вашиот профил ќе стане достапен за јавноста. Апликацијата ги скенира само вашите подесувања за приватност на фејсбук.
За крај би ви го препорачал да си го прочитате прирачникот за приватност на фејскбук доколку не сакате да користите некоја од горе наведените апликации.








