admin
Овој корисник не споделува биографкси информации
Posts by admin
Новите драјвери на Nvidia ја “горат” графичката
Mar 7th
Nvidia го повлече од својата дистрибуција својот нов драјвер за графичките картички GeForce кој што е со верзија 196.75.
Играчите на бета верзијата на StarCraft II први го забележаа проблемот со новите драјвери на Nvidia за графичките GeForce. Во однос на старата верзија на програмота, има значителен пад на перфомансите.
Корисниците започнаа да истражуваат што го предизвикува проблемот и стигнале до заклучок дека новите драјвери не управуваат добро со ладењето на картичката, со што при поголемо оптеретување не може доволно да се излади графичкиот процесор GPU.
Последицата од прегрејувањето на графичкиот процесор е успорување на работата и паѓање на перфомансите во игрите. Всушност кај некои корисници графичкиот процесор се има прегреано до таа мерка што резултира со горење на графичкиот чип.
Nvidia ги повлече од употреба драјверите 196.75 сè додека не пронајде што го предизвикува проблемот. Ако сте ги преземале овие драјвери ви советуваме да ги отстраните и да ја вратите старата верзија.
Превземено од: VelesNET.com




















































































































