USB 3.0 во Windows 8

Microsoft најави дека нивната следна верзија на Windows 8 ќе има поддршка за USB 3.0 протоколите. Оваа вест е најавена на нивниот блог  со што Фланаген објаснува за USB 3.0 протоколот кој е 10 пати побрз од неговиот претходник USB 2.0. Во светот моментално постојат околу 10 милијарди USB уреди кој што работат на 2.0 протоколот. За подобро објаснување како работи USB 3.0 протоколот погледнете го следново видео.

Continue reading

Heello новиот Twitter

Запознајте ја новата друштвена мрежа Heello , клонот на Twitter. Основач на оваа мрежа е Ноа Еверет, кој е познат по основањето на Twitpic сервис за прикачување фотографии на Twitter. Сервисот е со скоро ист дизајн и опции како и Twitter само што тие овде се со подруго име. Така да тукашните followers се викаат listeners, a опцијата retweet тука е под името echo. Heello исто така има и news feed со кој што можете да ги пратите објавите во реално време. Според најавите од креаторот оваа нова друштвена мрежа наскоро ќе поддржува и видео содржини и интеграција со мобилните уреди. Мрежата моментално во својата датабаза брои над 200 милиони корисници и според изјавата на Ноа тој е веќе закана за постоечкиот Twitter.

heello.com

Facebook со нов чет

Facebook од денеска ја лансира новата верзија на нивниот ФБ чет. Новата верзија има вградено скрол бар нешто што му недостасуваше на претходниот и сега е со подобра функционалност.Во четот е воведена уште една новина, во кои што пријателите се подредени по азбучен ред, во горниот дел се сметени оние пријатели со кои што најмногу комицирате, а додека во делот More online Friends се сместени сите останати онлајн пријатели. Како ќе се покаже оваа верзија на четот, ќе оставиме да покаже времето.

Се што сакавте да знаете за Google +

Друштвената мрежа на Google се шири со голема брзина. Како да се приклучите во мрежата на Google + ? За тоа ви е потребно некој од вашите пријатели кои што веќе се членови на Google + да ви испрати покана.

Веднаш од кога ќе добиете покана вие ќе можете да приклучите на овој проект. Потоа лесно ќе можете да пристапувате преку сервисите на Google на пример од Gmail – линкот кој што е прв од горниот дел на црната лента.

Корисничкиот интерфејс на Google + е сличен со Facebook. Тој е чист, прегледен, без премногу информации, со што можете да се снајдете и без многу знаење. Continue reading

Google Chrome инстант страници

Google во својата нова верзија воведе Instant опција за отворање на сајтовите. Инстант опцијата која што пред неколку недели беше достапна во бета верзијата сега е достапна во финалната верзија од бросверот. Оваа опција значително го забрзува пребарувањето на интернет и вчитувањето на сајтовите. Погледнете го видеото и ќе ви биде јасно за што точно станува збор. Опцијата Instant Search не е по дефaулт овозможена, па затоа мора да ја активирате рачно, од Options > Search > па да ја штиклирате опцијата Enable instant for faster searching and browsing. Новата верзија од Google Chrome можете да ја превземете од тука.

Како да го вратите стариот чет на фејсбук ?

Дали сте се запрашале како можете да се ослободите од новиот глуп фејсбук чет. Решението е многу едноставно, и се што треба да направите е да го копирате и да го пастирате следниов линк http://www.facebook.com/presence/popout.php во нов прозорец или нов таб од вашиот интернет прелистувач. Да тоа е одговорот и крајот на вашите маки со фејсбук четот.  За секој случај моја препорака е да го меморирате линков во bookmars на вашиот прелистувач за полесен пристап до четот. :)